Заедно со мојот тим којшто ќе биде идна локална власт во Свети Николе донесовме одлука да го подобриме животот во Свети Николе. Нема да ветуваме мелагомански проекти и ќе се задржиме на оние основни работи кои ги тиштат нашите сограѓани, вели кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ Дејан Владев во интервју за „Република“.

Прво основното, хигиената во општината е на најдолно можно ниво. Шут, ѓубре, трева, неисчистени контејнери гледаме на сите страни, од центарот на градот кон периферијата. За селата да не зборуваме. Речното корито во општината е на најдолно ниво. Таков смет, такво ѓубре, таква нехигиена ми се чини нема никаде во Македонија. Еве денес, пред да дојдам во Скопје, слушајќи ги нашите заложби за тоа, видов багери утринава почнаа да ја чистат реката. Мораме да го решиме овој проблем. Тоа ни е основна работа. Свети Николе да биде модерен хигиенски град-вели Владев.