-Јас одлуките не ги носам лесно. Многу нешта поминаа додека почувствував дека сум во позиција кога морам да се одвојам себе си и семејството од таткото на моите деца“, вели Анџелина Џоли во интервјуто.
Таа и Брет Пит имаат шест деца: Медокс (20), Пакс (17), Захара (16), Шејло (15) и 13-годишните близнаци Вивиен и Нокс. Од сите нив, само Медокс не е вклучен во борбата за старателство бидејќи е полнолетен.
Актерката поднесе барање за развод во 2016 година и го обвини Бред за злоставување на децата по инцидентот што се случил меѓу него и Медокс. Иако двојката веќе неколку години формално е разделена, борбата за старателството се’ уште е во тек.
Анџелина изјави и дека последните пет години од бракот посебно им биле трауматични.
-На некој начин, целата деценија од бракот беше лоша. Многу работи не можам да ги кажам. Мислам дека на крајот од целата приказна, дури и кога ќе остане само грст луѓе што ја знаат целата вистина за вас, можете да се помирите со сите, без оглед на тоа што се случува околу вас“, вели Анџелина Џоли.