– Но тоа не е се. Очигледно на Заев не му е доволно што ја претворил СДСМ во приватна фирма, туку има потреба и од приватна гарда ослободени робијаши кои ќе му спроведуваат прљави работи пред и за време на изборите. Според наши информации кои пристигаат од теренот пред три недели во еден хотел на југоистокот на Македонија тројца високи функционери на власта од кои еден непосредно одговорен за полицијата, другиот по потекло од тој крај со прочуен брат и третиот познат криминалец договарале ослободување на робијаши од затвор. Овој пат задачата била одбран дел од ослободените криминалци да спроведат специјална операција – „евакуација на капитал“. Имено пред се поизвесниот пораз на претстојните избори, мафијата е во обид да ги заштити своите бизниси, а криминалците добиле насоки да им помагаат при евакуацијата на капиталот. Според информациите црни вреќи со пари излегуваат од државата со крајна цел оф шор земји, па дури се споменуваат и прекуокеански дестинации, истакна тој.
Лефков вели дека стравот и нервозата во СДСМ од претстојниот пораз се очигледни.
– Според информациите, операцијата „евакуација на капиталот“ е веќе во тек и ќе потрае до избори со оглед на големината на капиталот на мафијата на власт. Стравот и нервозата во СДСМ од претстојниот пораз се очигледни. Граѓаните тоа го гледаат секој ден. Може да прават се но казната од народот ќе ги стигне, а многу скоро ќе одговараат и пред ослободеното судство и тоа за секој сторен криминал, посочи пратеникот.