Во рамки на четвртиот панел од конференцијата за економско пост-КОВИД закрепнување, Ригтеринк истакна дека за ЕБРД земјава е многу важна. Кумулативно, тука се вложени над две милијарди евра и секоја година се инвестираат по околу 150 милиони евра, 50 отсто во јавен и 50 отсто во приватен сектор.
-Секако, треба да се земат предвид и ограничувањата на Северна Македонија, популација до два милиона, континентална земја која не може сама, но затоа сме тука ние, пријателите и другите партнери кои ја поддржуваме инфраструктурата и даваме поддршка на владиниот план за пристапување во ЕУ зашто веруваме дека сите работи заедно ќе овозможат странските инвеститори да ја реоткријат Северна Македонија, напомена потпретседателот на ЕБРД.
Лилјана Павлова од Европската инвестициска банка (ЕИБ) се осврна на поддршката за дигитализација и иновации. Многу е важно, истакна Павлова, да се изберат вистинските инструменти за максимално искористување на расположливите средства, посебно од ЕУ.
-Прво да се анализираат научените лекции, па да се испланираат инвестиции. Важно е како најдбро да се искористат ЕУ финансиите преку различните инструменти кои се на располагање, инструменти кои мобилзиираат приватен капитал и поддржуваат приватни инвестиции. Да се идентификува кои се најдобрите, да имаме дводимензионална гаранциска шема, една за приватниот сектор, да се насочиме кон дигитализација и обновливи извори на енергија, нагласи Павлова.
ЕИБ, додаде, е подготвена да и даде на земјава техничка, финансиска и советодана поддршка за избор на вистинските инструменти и фондовои за успешно искористување на расположливите средства од ЕУ.
-Северна Македонија постигна голем напредок во реформската програма и се надевам дека патот за пристапување кон ЕУ ќе биде наредниот важен чекор, рече Павлова.
Регионалниот директор на ИФЦ за Централна и Југоисточна Европа, Ари Наим се задржа на јавните-приватни партнерства (ЈПП) како модел кој може да донесе практично знаење и експертиза посебно во делот на инфраструктурните проекти, но и да ја стави земјава на мапата на инвестициите. Тоа е сигнал, посочи, дека државата е отворена за бизнис, за конкурентност, посвеетност и соработка меѓу јавниот и приватниот сектор.
-Земјите во развој во нормални времиња мора да инвстираат пет отсто од БДП во инфраструктура годишно, а Северна Македонија, за поголема конкурентост и поврзаност, треба да инвестира уште повеќе. Треба да се вложи и во дигитализација на економијата, во зелена транзиција, во подобар здравствен и образовен систем. Може да имаме најголемо влијание во Северна Македонија ако и помогнеме на Владата да изготви и спроведе помал број страешки јавно-приватни партнерства во инфраструктурата што ќе помогне да провлечете приватен капитал и не само тоа. Во ЈПП е важна и можноста за привлекување експертиза и искуства, најдобрите во светот. Ниту една влада денес не може сама да донесе иновации, експертиза, знаење и искуства како што можат партнерствата, истакна Наим.
На панелот свои видувања дадоа и претставници од тртите најголеми стопнакси комори во земјава.