Тој не знае дали неговите родители се живи по пожарот во ковид центарот во Тетово.
Биљали вели дека некоја докторка му рекла да доаѓа некој од неговото семејство, да биде покрај татко му и да го храни, а денеска и вчера сите велат дека има забрана за посети на ковид позитивни пациенти.
– Дента пред пожарот во 20.30 часот разговаравме, потоа легнав да одморам за на работа. Ми се јави некој и ми кажа што се случило во болницата. Не знаеме дали е татко ми или некој друг, само ми рече да одам да видам. Кога отидовме таму, што да видиме сè беше пеплосано. Не знаевме ништо, талкавме по болницата, еден доктор вели горе, еден долу, но никого не најдовме. Останавме до доцна. Немаше ништо, вели Биљали.
Потоа Биљали направил ДНК тест и сега ги чекаат резултатите.
Биљали не знае дали неговите родители се живи бидејќи мајка му била во болницата за да се грижи за татко му кој бил ковид-пациент во тетовската болница за време на трагедијата.
Целата сторија на ТВ21.