Во изјава по денешната лидерска средба помеѓу Христијан Мицкоски и Зоран Заев, Мицкоски информираше дека пописот се одложува за септември.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека е задоволен и дека е отворена вратата за нови средби.
Тој информираше дека е договорено пописот наместо во април да биде одложен за во месец септември годинава.
Локалните избори, кои требаше да се одржат во првата половина од октомври, ќе бидат поместени за втората половина од истиот месец.