Музичката ѕвезда Бритни Спирс се вери со Сем Асгари. Таа го прифати предлогот за брак и оваа вест ја соопштија и на социјалните мрежи. Во објавеното видео, пејачката го покажува свршеничкиот прстен со четири-каратен брилијант, на кој е изгравиран „Lioness“ (Лавица), односно прекарот на Сем за Бритни.
Погледнете како Бритни одлучи да ја соопшти радосната вест со своите обожаватели.
Спирс и нејзиниот поранешен личен тренер започнаа да се состануваат откако се запознаа на снимањето на спотот за „Slumber Party“ во 2016 година, а објавија дека се заедно на првиот ден од 2017 година.