Вучиќ подготвува гала вечера за германската канцеларка, а Меркел, како што е најавено претходно, ќе ја продолжи турнејата утре со посета на Тирана и средби со политичките лидери на Западен Балкан.

Вучиќ претходно изјави дека посетата на германската канцеларка е „голема чест за Србија“.

Канцеларијата на Ангела Меркел, канцеларка во заминување, откако Германија одржува парламентарни избори во септември, претходно објави дека разговорите ќе бидат фокусирани на билатералните односи, економските и политичките прашања и прашањата од европската перспектива.

Шефот на српската држава, исто така, го гледа доаѓањето на германската канцеларка како „можност да и изрази благодарност за се` што направила за Србија и регионот за време на нејзиниот долг и успешен мандат“.

Меркел, исто така, ќе се сретне со претставници на граѓанското општество на Западен Балкан во Белград, а во Тирана ќе се сретне со албанскиот премиер Еди Рама, по што ќе следат разговори со шефовите на владите на Западен Балкан шест, и одделни средби со премиерите на Црна Гора, БиХ, Македонија и Косово.