– Војната на нашата планета мора да запре. Треба да завршат и меѓусебните војни. Време е да се фокусираме на борбата против заедничкиот непријател на човештвото: пандемијата. Членовите на ова Собрание мора да зборуваат со еден глас, рече тој на синоќешното отворање.
– Се собираме во време на големи предизвици и поделби, рече Гутереш синоќа. -Предизвиците и заканите се бесконечни. Тие влијаат врз сите нас, додаде тој.
Генералниот секретар повика на борба против „заедничкиот непријател на човештвото: пандемијата“. Генералното собрание е главното тело за утврдување на политиките на ОН. Ги вклучува сите земји -членки и обезбедува форум за мултилатерални дискусии низ целиот спектар на меѓународни односи. Секоја од 193 земји-членки има еднаков глас.
Општите дебати што почнуваат следниот вторник, е кулминација на Генералното собрание. Американскиот претседател Џо Бајден е меѓу светските лидери кои ќе зборуваат оваа година. Поради пандемијата, општата дебата ќе има помалку учесници. Многу шефови на држави и влади нема да патуваат во Њујорк и наместо тоа ќе учествуваат онлајн.