Именувањето доаѓа по оставката на поранешниот специјален пратеник на ОН за Либија Јан Кубис.

Вилијамс до почетокот на оваа година беше вршител на должност претставник на ОН во Либија, а според Дижарик, таа во наредните денови ќе се врати во Триполи како специјален советник.

Тој истакна дека тоа ќе ги води напорите за посредување меѓу Либијците и регионалните и глобалните актери вклучени во решавањето на политичката и безбедносната криза во Либија и ќе го поддржи продолжувањето на дијалогот за политички, безбедносни и економски прашања.