Пакистанските медиуми јавија денеска дека сè уште не е познато колку фудбалерки и членови на нивните семејства пристигнале во земјата.
Министерот за информирање на Пакистан, Фавад Чодри, рече дека авганистанските фудбалерки влегле во земјата преку северозападниот граничен премин Торхам со важечки патни документи.
– И посакуваме добредојде на женската фудбалска репрезентација на Авганистан, објави Чодри на својот Твитер профил.
Пакистанскиот весник на англиски јазик The DAWN објави дека на фудбалерките им биле одобрени итни хуманитарни визи по доаѓањето на талибанците на власт во Кабул.