Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 15, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 33 степени.

Од утре ќе дува слаб до умерен, а во западните делови засилен ветер претежно од западен правец. Од сабота ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со локален пороен дожд и грмежи.