Вели дека доколку еден граѓанин отиде да гласа на избирачко место и доколку поседува двоен или лажен идентитет, тогаш истото би било препознаено од системот.
– Доколку поседувате двоен или лажен идентитет и се обидете да гласате на друго избирачко место, тогаш системот ќе нотифицира дека овој релјеф на показалецот го остварил своето право на одредено избирачко место и во одредено време.
Додаде дека овие терминали за отчитување на отпечатоци од прст го зголемуваат квалитетот на самиот ден на гласање.
– Ние очекуваме да нема вештачки опструкции, да нема кршење на терминалите, со што силно ќе се влијае врз избирачкиот процес. И однапред сакам да ги предупредам сите поединци кои на тој начин мислат дека ќе влијаат врз изборните резултати, дека тоа претставува кривично дело и казната за затвор е навистина голема, рече Мицкоски.
Бројот на лицата кои гласале, како што рече, мора да соодвестува на бројот на ливчињата кои се во кутијата.
– И ова е добар чекор напред кон процесот, во иднина да се примени електронско гласање. Да немаме хартиена форма на гласање. И мислам дека е добар почеток во еден таков процес, додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.