Српскиот државјанин е уапсен по драмата на автопатот меѓу Хилпотштајн и Грединг во Германија, а како што пренесуваат германските медиуми, се сомнева дека тој без никаква провокација нападнал момче и девојка кои биле патници во автобусот, им се заканувал дека ќе ги претепа, споменувајќи го Алах. Потоа, цели четири часа бил во автобусот со тројца возачи, додека специјалните единици не упаднале за да го уапсат.
Во автобусот имало 11 патници и тројца возачи, а сите се српски државјани. Осомничениот кој исто така бил патник нападнал 20-годишно момче кое седел пред него.
Збеснал одеднаш. Го фатил дечкото кој спиел на своето седиште за маица и го фрлил на подот. Го газел по главата и го удирал со тупаници. Автобусот бил во движење, а сите се исплашиле и скокнале од седиштата. Девојката (24) која седела пред нападнатото момче се обидела да го раздели насилникот, но тој и нејзе ѝ удрил тупаница, пишуваат српските медиуми.
Се заканувал дека има пиштол и дека сите ќе ги убие, како и оти добил порака од Алах, поради што на почетокот се сомневаше дека можеби станува за терористички напад.