Тој нагласи дека ја има досега најдобрата локална изборна програма, која извира од реалните потреби на граѓаните и потребата за севкупен локален развој, не само на градот туку и на руралните области во општината.
Кондовски пред граѓаните ја претстави визијата за поубава Битола со нов сјај и најави бројни проекти, од кои ги претстави топ 10 проектите.
Ќе го ослободиме севкупниот општински потенцијал преку изработка на нов генерален урбанистички план како услов за економски развој и просперитет на Битола, рече Кондовски и најави изградба на подземна сообраќајница и подземна гаража во центарот на градот, модернизација и реконструкција на трите градски сообраќајни влезови во Битола и обнова на локалната индустриска сообраќајна артерија за поттикнување на локалниот индустриско-економски развој.
Кондовски најави дека плоштадот Гоце Делчев ќе добие нов лик, Широк Сокак ќе стане континуирана пешачка зона, Битола ќе биде велоград, ќе добие голем мултифункционален спортски центар и технолошки парк, а за најмладите целосно модернизирана и просторно проширена зоолошка градина со зголемен животински фонд за 20%.
Битола ќе биде зелен град, со зголемени зелени градски површини за 30%, ќе ги развиеме зелените површини на Тумбе кафе и ќе никнат многу нови детски паркови, истакна Кондовски, најавивајќи сибвенции за енергетски ефикасни фасади, велосипеди, плински уреди за возила, како и за набавка на хибридни или електрични возила, а тука се вклопува и планираната гасификација и топлификација со кои ќе бидат опфатени првите индустриски капацитети и 35 јавни објекти.
Кондовски најави дека во Битола ќе се скија и кога нема снег, бидејќи ски центарот Ниже поле ќе добие современа опрема за заснежување и правење на вештачки снег, а ќе се заменат и трите ски лифтови со нови.
Овие проекти, проследени со десетици други содржани во програмата драстично ќе го подигнат нивото и стандардот на нашето локалното живеење, истакна Кондовски и ги повика граѓаните да гласаат за број 12, за најдоброто за нашата општина, најдоброто за Битола.