Напишано од мрежата SafeJournalists, која вклучува повеќе од 8.200 членови во Западен Балкан, поставува неколку прашања и бара реакција, поддршка и помош, пишува Exit News.
Првата загриженост е поради тоа што нема избрано генерален директор на албанската радотелевизја (РТШ) повеќе од седум месеци.
-Загрижени сме дека нема суштинско оправдување за одложување на изборот на нов генерален директор, чија улога е клучна за претставување на РТШ како единствен јавен сервис во Албанија. Загрижени сме и за предлозите на привремениот директор на институцијата за промена на организациската структура на нацоналниот сервис, што е спротивно на неговиот мандат како преоден вршител на должноста директор, стои во писмото.
Се додава дека овој преоден период може да доведе до потенцијална злоупотреба на власта и нарушување на РТШ, што потенцијално може да влијае на целокупната слобода на медиумите во Албанија.
Втората грижа е создавање нова владина агенција за медиуми и информации, која ќе ја централизира целата владина комуникација, ќе ги следи медиумите и јавното мислење, а ќе ја води портпаролот на премиерот Еди Рама. Тој ќе биде на исто ниво со државните министери и ќе одговара пред Рама.
Во писмото се изразува загриженост дека тоа ќе ја затвори вратата за новинарите, особено за истражувачкото новнарство или критичарите, со тоа што ќе ја попречи слободата на медиумите во Албанија.
Во писмото се повикува ЕУ да одговори и да побара од владата и парламентот да се придржуваат кон меѓународните стандарди и принципи за слободата на медиумите, вклучувајќи ги и критериуми од Копенхаген за слобода на изразување, што е составен дел од процесот на пристапување кон ЕУ.
-Од Делегацијата на ЕУ во Тирана исто така се бара да го осуди секој обид за воведување промени што би можеле да доведат до влошување на слободата на медиумите во Албанија. Албанија мора да обезбеди усогласеност со европските стандарди за слобода на изразување и медиуми, се бара во писмото.
Писмото е потпишано од Здружението на новинари во БиХ, Црногорскиот синдикат за медиуми, Хрватското новинарско здружение, Здружението на новинари во Косово, Здружението на новинари во Северна Македонија и Независното новинарско здружение на Србија.
Одлука за формирање на новата владина агенција за медиуми и информации беше донесена пред десетина дена, на првата седница на новиот кабинет на премиерот Рама, по изгласувањето во Парламентот.