Тоа значи дека на дуелот со Хофенхајм, веднаш по репрезентативната пауза, баварскиот тим ќе игра пред 75.000 гледачи на домашен терен. Сепак, специјалните протоколи и натаму ќе важат, бидејќи приемот на гледачите сè уште зависи од пандемијата.
Пристап до стадионот е можен за оние кои се вакцинирани, оние што заздравиле од коронавирусот и кои имаат негативен ПЦР тест (резултат не постар од 48 часа).
За следните два меча на Баерн ќе се продаваат само дневни влезници. Сезонските билети ќе продолжат да важат од дуелот со Фрајбург на шести ноември.