Највисока цена постигна делото „Sting Like a Bee“ од 1978, кое се продаде за 425.000 долари, десет пати поскапо од претходните проценки.

Аукциската куќа „Бонам“ соопшти дека Али цртал и сликал цел живот, охрабрен од татко му, кој бил професионален сликар.

„Мухамед Али е културолошка икона, која дефинираше цела генерација. Неговите дела ги прикажуваат темите кои му биле блиски до срцето: бокс, граѓански права, вера, светски мир и добротворна работа“, изјави Хелен Хол од „Бонам“.