Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во дебатниот магазин на ТВ21 зборуваше околу набавката на јаглен.
Тој вели дека со тоа 1000 камиони ќе се разминуваат низ патиштата во Македонија.
„Пред да почне грејната сезона на депонија во Битола треба да има 500 илјади тони јаглен. Они немаат ни 50 илјади и сега викаат ‘ќе носиме’, и најблиску е, нормално тендер ќе биде, но најверојатно тоа ќе биде од Косово како држава со најголем потенцијал. Они велат 900 илјади тони, за да ги донесете тие 9-10 илјади тони вас ќе ви требаат 500 камиони. 500 камиони треба да се натоварат некаде, да ја поминат Македонија. Сега има два начина како до таму да се стигне или преку Кичево, Демир Хисар или пак да се иде преку автопатот Росоман ,Плетвар, Прилеп, Битола. Тие камиони треба да дојдат да се растоварат на депонија и повторно истите да се вратат, додека нови 500 ќе доаѓаат. Во еден момент вие ќе имате 1000 камиони кои што ќе се разменуваат во Македонија“, посочи Мицкоски.
Тој додава дека тоа е сериозен ризик за учесниците во сообраќајот.