„Нашата градска мајка во 2017-та година изјави:„Ве сакам сите“! Во изминатите четири години, наместо љубов, од градската мајка добивме еден куп неисполнети ветувања, партиски вработувања, сомнителни тендери, популистички и промашени проекти, очај и назадување. Вети многу, а реализираше малку“, истакна кандидатот за градоначалник на општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски на митингот.

Атанасовски додаде дека сегашната локална власт мора да си оди и никогаш повеќе да не им се дозволи да бидат носители на јавни функции.

„Ние гледаме кон иднината, кон едно посветло поглавје во историјата на Македонска Каменица. Еве само дел од проектите со кои ќе донесеме просперитет во нашата општина:

изработка на стратегија за долгорочен економски развој на општината која ќе го трасира патот за долгорочен економски развој и создавање на здрава основа за враќање на иселениците во нашата општина;
изградба на пензионерски дом и промоција на Македонска Каменица како место каде граѓаните можат да ги живеат пензионерските денови;
изградба на станбена зграда за субвенционирано социјално живеење;
парична помош за социјално ранливи лица;
отворање на посебна наменска сметка на која секој од Република Македонија или странство ќе може да донира парични средства за лекување на жител на Македонска Каменица;
субвенции за фотоволтаични електрични системи, печки на пелети и пелети за граѓани во социјален ризик;
поставување на споменик во чест на сите жртви на страната на македонските безбедносни сили од конфликтот во 2001 години, изградба на патека до споменикот и негово осветлување и партерно уредување, вети Атанасовски.

Атанасовски на граѓаните вечерва им посочи дека ќе се изгради и изградба на рекреативен центар со содржини за млади и возрасни лица. Ќе се распише и тендер за набавка на медицински услуги за специјалист интернист, очен лекар, педијатар и други доктори, кои по претходно утврден распоред во соработка со граѓаните, ќе им пружаат бесплатни здравствени услуги на нашите сограѓани во здравствената станица и/или во селските средини.

„Пред да завршам би сакал да упатам една порака до сите оние наши сограѓани кои што се под притисок од актуелната власт, а на кои им бараат списоци на сигурни гласачи, нашиот лидер и иден премиер не е канибал и не му е целта да јаде живи луѓе , а каков е лидерот такви се и неговите соработници и во тоа сите ние се уверивме, јас од овде јавно ви ветувам дека ниту еден граѓанин кој што чесно си го заработува своето парче леб нема да биде избркан од работа бидејќи јас и мојот тим имаме доволно капацитет, способност и желба да обезбедиме работа за секој од вас и Македонска Каменица ќе биде за сите луѓе , да живее ВМРО-ДПМНЕ, да живее Република Македонија , да сте ми живи и здрави“, укажа Атанасовски.