Претстојните локални избори се пресудни за иднината на Битола и секој нејзин граѓанин поединечно. Конечно, Битола нема повеќе трпение за политиканство и лажни промотори на хуманизам, вели кандидатот за градоначалник на Битола Тoни Коњановски.

Во продолжение неговата изјава

Битола нема повеќе трпение за СДСМ и нивниот кандидат кој директно го крши Законот и ги злоупотребува повозрасните и стари лица само за сликање со нив на фејсбук. Гарантирам дека посебно внимание ќе им посветиме на повозрасните и стари лица, на децата и младите, децата со потешкотии во развојот, личностите со инвалидитет, корисниците на социјалната помош, невработените, еднородителските семејства, повеќечлените семејства, жртвите на семејно насилство и другите ранливи и загрозени категории на граѓани.

Гарантирам дека социјалната и здравствена заштита ќе биде достапна на сите луѓе, на сите категории граѓани, адаптирана според нивните индивидуални потреби.

Гарантираме формирање Центар за работа со деца со попреченост и Кризен центар за деца и жени, а тоа ќе го направиме во соработка со Министерството за труд и социјална политика, донаторите и ЕУ – фондовите, граѓански здруженија и локална буџетска поддршка.

Воведуваме Социјално покровителство (патронажа), кое ќе им доставува услуги на возрасните лица во нивните домови.

Гарантираме зголемување на капацитетите за згрижување на возрасни лица, преку изградба на старски домови и кадровско екипирање на Домот „Сју Рајдер“, што е од пресудна важност за неговото натамошно функционирање.

Воведуваме бесплатни скрининг – програми за болести од социјално значење.

Гарантираме сериозен партнерски однос со Економско – социјалниот совет и вклучување на бизнис – заедницата во делот општествена одговорност.

Гарантираме идеи, проекти, гарантираме заедничка иднина за сите!

Затоа што за Битола треба да се работи а не од неа да се заработи.