Покрената е истрага веднаш штом се појавиле информациите за луѓе кои добиле негативни резултати од ПЦР тестот во лабораторија во Вулверхемптон, откако претходно биле позитивни на уредот со кој се спроведува тестирање.
Се проценува дека во таа лабораторија биле спроведени 400.000 тестирања и дека околу 43.000 луѓе добиле неточни резултати во периодот од 8 септември до 12 октомври.
– Како резултат на нашата истрага, работиме со компанијата NHS Test and Trace за да ги утврдиме лабораториските технички проблеми што доведоа до тоа луѓето да добијат неточни резултати од ПЦР тестот, изјави Вил Велфер од британската Агенција за здравствена безбедност.
Од клиниката во чија лабораторија се откриени погрешни резултати, велат дека целосно соработуваат со Агенцијата.