На територијата на општина Маврово-Ростуше денес гласаа 36 лица.
Во општина Гостивар комисијата ги одобри барањата на 145 лица од претходно пријавените 179 граѓани. Во ОИК Врапчиште правото на глас го искористија 16 немоќни и еден гласач кој е во карантин.
Во рамки на подготовките за утрешниот ден, од ОИК Гостивар потврдија дека планираната дезинфекција на избирачкиот материјал и на избирачките места е во целост спроведена и дека условите за гласање се обезбедени.