Шкупи минимално го совлада Тиквеш на гостувањето во Кавадарци со голот на Абдул Рватубаје (30 минута), додека Академија Пандев со пресврт триумфираше на домашен терен над Шкендија со 2-1 преку двојниот стрелец Мартин Мирчевски (77, 86), откако претходно Љупче Дориев (17) го донесе тетовскиот тим во водство.

ПМФЛ 10 коло резултати:

Академија Пандев – Шкендија 2-1, Брегалница – Македонија ЃП 4-1, Ренова – Пелистер 2-0, Струга – Борец 1-1, Тиквеш – Шкупи 0-1. Работнички – Скопје 0-1 (одиграно вчера).

Табела: Шкупи 23, Ренова 21, Академија Пандев 18, Брегалница 16, Работнички 15, Шкендија 14, Струга 13, Скопје 12, Македонија ЃП 10, Борец 8, Тиквеш 6, Пелистер 4.