-За резултати се уште е рано, но првичните информации се дека веќе во прв круг најверојатно би добиле четири општини. Првичните информации се до сега изброени гласови, а општините се Дојран, Крива Паланка, Лозово и Валандово. Веќе имаме сериозно водство во Бутел, Ресен, Крушево, Струмица и уште неколку други општини, изјави Битиќи.

Тој кажа дека еднобојноста не е добра за демократијата и смета дека за сите процеси во државата треба да има поголема разноличност.