Според веб апликацијата на Државната изборна комисија во Арачиново Ридван Ибраими од ДУИ освои 50,75 проценти од гласовите, наспроти Меликије Халими од СДСМ – 47,82 отсто од гласовите.

Во Боговиње Бесник Емши од ДУИ доби 62,29 отсто, а неговиот противкандидат од АА/А Аљбон Џемаили 36,36 проценти.

Во Василево Славе Андонов од ВМРО-ДПМНЕ има 49,22 проценти од гласовите, а Марјан Јанев од СДСМ 48,84 отсто од гласовите.

Во Вевчани Спасе Кочовски од ВМРО-ДПМНЕ има 50,41 отсто од гласовите, а Сашо Јанкоски СДСМ – 46,88 проценти.

Во Гевгелија Андон Сарамандов од ВМРО-ДПМНЕ има 56,88 проценти од гласовите пред Сашо Поцков од СДСМ со 38,67 отсто од гласовите.

Во Дебарца Зоран Ногачески од ВМРО-ДПМНЕ има 52,81 отсто од гласовите, а Игор Крцоски од СДСМ има 44,74 проценти од гласовите.

Во Демир Капија Лазар Петров од СДСМ освои 49,93 проценти од гласовите, а Андон Донев од ВМРО-ДПМНЕ 48,47 отсто од гласовите.

Во Демир Хисар Никола Најдовски од ВМРО-ДПМНЕ има 49,75 отсто од гласовите, а Стевче Митревски од СДСМ 46,76 проценти.

Во Зелениково Коста Маневски од ВМРО-ДПМНЕ има 51,64 проценти од гласовите и Борче Гиевски од СДСМ – 46,26 отсто од гласовите.

Во Конче Златко Ристов од ВМРО-ДПМНЕ освои 49,93 проценти од гласовите, а Благој Илиев од СДСМ 48,89 отсто од гласовите.

Во Кратово Тодорче Николовски од ВМРО-ДПМНЕ освои 59,92 проценти од гласовите, пред Влатко Бојковски од СДСМ со 36,34 отсто од гласовите.

Во Лозово Бошко Цветковски од ВМРО-ДПМНЕ има 49,94 проценти од гласовите, а Ацо Велковски од СДСМ 47,45 отсто.

Во Ново Село Ѓорге Божинов од ВМРО-ДПМНЕ има 51,05 отсто од гласовите, аЗвонко Ангелов од СДСМ 47,06 проценти од гласовите.

Во Пехчево Александар Китански од ВМРО-ДПМНЕ 51,20 отсто од гласовите, а Славчо Пандурски од СДСМ 45,98 проценти од гласовите.

Во Ранковце Борче Спасовски од ВМРО-ДПМНЕ има 51,54 проценти од гласовите, Даниел Крстевски од СДСМ 46,45 отсто од гласовите.

Во Росоман Стојан Николов од СДСМ има 53,65 проценти од гласовите, а Тихомир Николов од ВМРО-ДПМНЕ има 44,31 отсто од гласовите.

Во Старо Нагоричане Жаклина Јовановска од СДСМ има 55,49 отсто од гласовите, а Власте Димковиќ од ТМРО 44,98 отсто од гласовите.

Во Студеничани Азен Садики од ДПА има 49,73 отсто од гласовите, а Ејуп Абази од ДУИ 49,02 проценти од гласовите.

Во Теарце Нухи Незири од ДУИ има 55,86 отсто од гласовите, пред Назим Таити од Алијанса и Алтернатива со 42,39 проценти од гласовите.

Во Чашка Горан Стојановски од СДСМ има 56,07 проценти од гласовите, пред Суат Шаќиров од ДУИ 41,78 отсто од гласовите.

Во Чучер Сандево: Сашко Комненовиќ од СДСМ има 50,73 проценти од гласовите, аЈован Пејковски – независен 46,78 отсто од гласовите.