– Со велосипедските ентузијасти се обврзавме за идна соработка преку многу проекти во интерес на аеродромци. Воедно, со ова го започнуваме нашиот проект „Велодром” кој беше дел од нашата предизборна кампања. Освен новите велосипедски патеки кои ги планираме долж Општина Аеродром, ставаме акцент и на редовно одржување на веќе постоечките. Дополнително, планираме вклучување на невладиниот сектор и универзитетската заедница во идните проекти со кои ќе се подобри велосипедската инфраструктура, рече Муцунски.
Тој информираше и дека граѓаните на Општина Аеродром чии барања се прифатени на последниот јавен повик за субвенции за велосипеди ќе добијат поврат на средствата во износ од 3.000 денари за нов велосипед.
-Општина Аеродром дава целосна поддршка на велосипедизмот во насока за заштита на животната средина и поефикасен сообраќај, порача градоначалникот на Аеродром.