Вежбите во близина на Тајванското море се „неопходна мерка за заштита на националниот суверенитет“, соопшти денеска кинеското Министерство за одбрана.
Не е познато кога и на која локација се одржуваат вежбите.
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин, изјави дека Кина ја смета посетата за „сериозно кршење“ на обврската на САД да не одржува формални односи со Тајван, островот што Кина го смета за свој дел од територијата.
-Кина одлучно се спротивставува на тоа и испрати реакција до САД. Сите ризични и провокативни акции против кинеското обединување се како мравка која се обидува да собори огромно дрво и се осудени на неуспех, изјави Венбин.
САД имаат силни, но неформални односи со Тајван, остров со демократски систем, своја влада, валута и војска, но кој официјално не прогласи независност од Кина.