Полициски службеници на СВР Тетово вчера од 8 до 15 часот спровеле акциска контрола на возила, кои на подрачјето вршат јавен превоз, најмногу автобуси и комбиња. При контролата вкупно биле откриени и санкционирани осум технички неисправни возила, сите со несправни сопирачки.
Технички неисправните возила веднаш се исклучени од сообраќај и изготвени им се соодветни поднесоци по Законот за возила. При контролата, исто така, констатирани се и 16 други видови прекршоци кои биле адекватно санкционирани, информира денеска Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Воедно биле откриени и санкционирани и 11 лица кои ги управувале возилата без положен возачки испит и валидна дозвола.
Акциска контрола за техничка исправност на возилата кои вршат јавен превоз на патници во тетовско-гостиварското подрачје имаше и пред една недела кога беа откриени и санкционирани вкупно 22 неисправни возила.