Во рамки на посетата се предвидени билатерални средби со бизнис заедницата од Едрене, а целта на посетата е запознавање со деловната и инвестициската клима во Република  Македонија, како и можност за соработка во повеќе сектори.

Меѓу компаниите ќе доминираат оние од земјоделско-прехранбениот сектор.

Турција е седми трговски партнер на земјава по Германија, Велика Британија, Грција, Србија, Кина и Бугарија. Според Државниот завод за статистика, во периодот јануари – септември земјава остварила вкупна трговска размена со Турција во вредност од 543 497 000 долари што е за 47,4 отсто повеќе споредено со истиот период лани. Извозот во Турција бил 105 594 000 долари што претставува раст за 58,3 отсто, додека увозот е зголемен за 45 проценти и изнесувал 437 903 000 долари.