Oва е првпат претседател на македонскиот Парламент да оствари ваква посета и да има средби во Федералниот национален совет на ОАЕ.

Посетата на Џафери, како што јави известувачот на МИА од Абу Даби, се совпаѓа со 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република  Македонија и Обединетите Арапски Емирати, каде започнаа и подговките за одбележување на 50-годишнината од основањето на државата.

За време на посетата на Џафери предвидени се средби со домаќинот, Сагар Ал-Гобаш, спикер на Федералниот национален совет и со други високи претставници од Владата на ОАЕ.

Во состав на собраниската делегација, која ја предводи претседателот на Парламентот, се и претседателот на Пратеничката група за соработка на Собранието со парламентите на земјите од Блискиот исток и Арапскиот залив, пратеникот Хусни Исмаили, и пратениците Дарко Каевски и Бедри Фазли.

На средбите се очекува да стане збор за унапредување на соработката со Федералниот национален совет на парламентарно ниво, но и севкупните односи меѓу двете држави.

Пратеничката група за соработка на Собранието со парламентите на земјите од Блискиот Исток и Арапскиот Залив е основана во овој пратенички мандат.

Предвидено е Џафери и собраниската делегација да го посетат и Павилјонот на Република Северна Македонија на „Експо Дубаи 2020”.