Италија синоќа доживеа голем пех откако одибра без голови во Белфаст против Серверна Ирска и го изгуби првото место во групата кое го освои Швајцарија. Актуелните европски прваци ќе мораат преку бараж да дојдат до Мундијалот.
-Периодов се мачиме со давањето голови, иако доминираме во поседот и иницијативата. Северна Ирска играше со сите во одбрана, а ние се мачиме да ги скршиме таквите тимови, вели Роберто Манчини за вчерашниот неуспех.
Откако во јули се искачи на тронот на Европа, Италија игра речиси непрепознатливо. Во калификациските натпревари есенва Италија оствари само една победа и тоа над Литванија, а играше нерешено двапати со Швајцарија, а по еднаш со Северна Ирска и Бугарија.
-Штета, бидејќи требаше да го завериме пласманот многу порано. Едноставно треба повторно да го откриеме ова што нѐ карактеризираше досега. Имаме два промашени пенали во одлучувачки натпревари, што покажува дека имавме шанси за победа, додава селекторот.
-Сега ќе се подготвуваме за баражот во март, ќе влеземе самоуверени и ќе дадеме сѐ од себе. Во март ќе си го обезбедиме пласманот на Мундијалот кој се надевам и дека ќе го освоиме“
Можен противник на Италија во баражот е и репрезентацијата на Македонија. Жрепката ќе се одржи на 26 ноември.