Сопственикот на „Авалон Продукција“, Бобан Милошески, имаше средба со градоначалничката на Сараево, Бенјамина Кариќ.

На средбата, како што информираат од „Авалон Продукција“, градоначалничката се заблагодарила што Авалон го носи Стинг во Сараево и изразила подготвеност од градот и голема желба со сите негови ресурси во иднина, Авалон да работи што е можно повеќе концерти таму.

Од друга страна, Милошески ветил дека ќе се обиде во 2023-та на „Кошево” да се случи голем стадионски концерт, единствен во регионот.

На крајот од средбата, градоначалничката Кариќ му подарил на Милошески монографија за Сараево.