Земјотрес со јачина од четири степени по Рихероваата скала според првите мерења утрово ги вознемири жителите на главниот град на Босна и Херцеговина. Освен во Сараево земјотресот беше почувствуван и во неговата околина, јавува Анадолија.

Епицентар на 12 километри од Сараево

Епицентарот на земјотресот е регистриран на 12 километри северно од Сараево во 09:22 часот, покажуваат податоците на веб-страницата на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

„Воз кој им помина под нозете“

Жителите овој земјотрес го опишуваат како „воз да им поминал под нозете“. Велат дека бил краток, но дека бил многу силен и ги вознемирил.

Земјотресот е регистриран на длабочина од шест километри, а е почувствуван во повеќе градови.

Нема штета

Барем засега, нема информации за евентуална штета.