-На 06/07.10.2021, полициски службеници извршиле претрес на нива, која пријавениот ја користел без знаење на сопственикот, и на неа направил импровизиран бункер, при што биле пронајдени и одземени еден килограм и 19,55 грама марихуана, амфетамин, кокаин и две ваги со остатоци од марихуана, амфетамин и кокаин, се вели во полициското соопштение.

Г.Ф. ќе биде гонет за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, велат од МВР.