Спорни според оваа коалиција се пет изборни места, однoсно 0551, 0552, 0554, 0535,0544. Според информациите приговорот е поради транспорт на материјалите без безбедносни ленти. Членот на комисијата Кренар Лога се сомнева дека во самиот изборен процес имало доста нерегуларности.
-Тоа по пат, незаштитен материјал, од не знам кое место да патува без да е со безбедносна лента за мене е, ова го кажувам лично, остварува сомнителни околности, изјаци Лога.
Но според дел од членовите на ДИК ova не е доволна причина за повторување на гласањето во овие места. Според нив направен е ненамерен пропуст.
-Ако нешто не било во ред претпоставувам ќе имало ОИК на овие околности за сомнежи за промени за материјалот или за злоупотреби, при самото примопредавање и потпишување на записникот, изјавија од ДИК.
Освен за овие приговори ДИК заседаваше и за останати три кои ги одби, а тие се однесуваа за наводно јавно гласање кое се случувало надвор од параванот наменет за остварување на гласачкото право.