Го прашавме Ковачевски дали зимава ќе има струја, а тој одговори:

-Одговоравме и минатиот период. Да, АД ЕСМ го гарантира стабилното снабдување со електричната енергија кон домаќинствата и малите потрошувачи.

ТВ21: Стопанството и големите потрошувачи?

-Поголемите потрошувачи кои се на големиот пазар, во овој период го чувствуваат турбулентниот период на берзата со далеку повисоки цени од она што било предвидено од почетокот на годината. Од информациите кои ги добивам, голем дел од снабдувачите ги откажуваат договорите и тие се принудени да се приклучуваат кон ЕВН, како снабдување од краен потрошувач и тоа ќе значи повисоки цени од тие што ги имаат договорено. Цената на електрична енергија битно влијае во стопанството, посебно во производството и индустријата и затоа по барање на Стопанската комора одржавме електрична енергија со големите потрошувачи, и бараме решение како да обезбедиме дополнително количество на енергија, рече Ковачевски.

Целата изјава на Ковачевски низ видео: