Британскиот пилот морал да се катапултира од својот “F-35B Lightening” авион во текот на рутинската вежба во Медитеранот. Авионот бил еден од осумте британски авиони кои во моментот на вежбите се наоѓале на носачот на авиони “HSM Queen Elisabeth”, заедно со 10 американски.
Бидејќи авионот и пилотот завршиле во меѓународните води, започнала потрага да се пронајде и од водата да се извади најсовремениот воен авион пред до него да дојдат руските сили. Се верува дека тоа е прв пат еден “F-35B” да се урне во таа област.
Технологијата на авионот кој го дизајнирале Американците вклучува супер тајни радари и сензори и толку е чувствителна што му овозможува на “F-35” да лета незабележан над непријателски територии со суперсонична брзина. Многу е веројатно, наведува “Daily Mail”, дека Кина веќе знае се за овој авион благодарение на своите шпиони.
Леталото е лоцирано во средата попладне и американско-британскиот тим ќе води тајна операција за спасување на авионот во која учествуваат подморници, нуркачи и специјални сили.
Како најнапреден и најскап авион на британското воено воздухопловство (RAF), едноседот може да слета вертикално и потребна му е кратка писта за да полета.
Авионот е првиот кој Британија го изгубила и инцидентот е прва незгода во флотата на “F-35B”