-САД остануваат посветени да го спречат Иран да добие нуклеарно оружје. И ние остануваме посветени на дипломатскиот исход на нуклеарното прашање, рече Остин во Бахреин на годишниот дијалог Манама
што се чини дека има цел да ги увери арапските сојузници на Америка кои изразија загриженост за иранската нуклеарна и балистичка ракетна програма и нејзините активности во регион.
-Но, ако Иран не е подготвен сериозно да се ангажира, тогаш ќе ги разгледаме сите опции неопходни за да ги зачуваме САД безбедни, додаде тој на настанот.
Откако тогашниот претседател Доналд Трамп еднострано ги повлече Соединетите држави од иранскиот нуклеарен договор во 2018 година, низа ескалирачки инциденти го погодија регионот, вклучително и напади со беспилотни летала насочени кон бродови на море.
На месец пред разговорите за нуклеарната прогама, Иран почна воени вежби
Американскиот претседател Џо Бајден вети дека повторно ќе се приклучи на нуклеарниот договор доколку Иран се врати на целосно негово почитување. Разговорите во Виена со цел заживување на договорот од 2015 година, кој значително ја ограничи иранската нуклеарна програма во замена за олеснување на санкциите, треба да продолжат на 29 ноември.
Остин рече дека Вашингтон со добра волја ќе дојде на индиректните преговори во Виена, притоа истакнувајќи дека Иран ја проширува својата чувствителна нуклеарна работа.
-Но, акциите на Иран во последните месеци не беа охрабрувачки – особено поради проширувањето на нивната нуклеарна програма, рече тој.