Такво нешто нема да има во Германија, изјави германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас за весникот „Билд”. Тој нагласи дека Германија смета дека тоа не е потребно, а тешко е да се спроведе уставно и законски.

Политичарката од ФДП задолжена за здравство, Кристине Ашенберг-Дугнус, истакнува дека заканата за задолжителна вакцинација не помага.

Особено земјите со драматичен број на заразени со Ковид-19 треба да се концентрираат на проширување на понудата за вакцинација и спроведување нови мерки”, истакна таа.