Како што информираат од МВР, од нив седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. При тоа двајца возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 33 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
-Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението.