Подмладениот состав на селекторот Драган Бајиќ му пружи достоен отпор на светскиот првак во воведните две четвртини, заминувајќи на полувреме со негатива од 11 поени разлика (31:40).

Со агресивна игра во третата четвртина Шпанија го скрши отпорот на македонските кошаркари и ја сведе на ревијален карактер завршницата на дуелот во салата „Јане Сандански“.

Најефикасен во македонските редови беше 17-годишниот Теодор Симиќ со 18 поени, додека Џејкоб Вајли запиша 10 поени зад своето име, додавајќи и пет скокови.

Следен противник на македонските кошаркари, в понеделник од 18 часот во Киев е репрезентацијата на Украина, која претходно вечерва во воведниот натпревар од групата Г загуби на гостувањето во Грузија со 88:83.