-Не сум лекар, но апсолутно ми е очигледно дека имунитетот постепено се намалува. Никој не го губи нагло на шест месеци. Ако можеме, верувам дека имаме капацитет и ако ни одобрат нашите експерти, да ја отвориме третата доза, евентуално по четири месеци, рече Мицотакис.
Говорејќи за задолжителната вакцинација за лицата над 60 години, што вчера беше соопштена, грчкиот премиер рече дека пред објавувањето на мерката дневно имало околу 2.000 нови термини за вакцинација од конкретната старосна група.
-Откако ја објавивме мерката, од вчера напладне се закажани речиси 20.000 термини, речиси десет пати повеќе, рече Мицотскис и додаде дека ако се продолжи со ова темпо, тогаш нема сомнеж дека мерката е „правична, законска и пред сè ефикасна“.
Објасни дека досега се вакцинирани 83 отсто од граѓаните над 60 години и над седум милиони Грци, односно тројца од четворица веќе ја примиле вакцината.