Американската заменичка државен секретар Венди Шерман и генералниот секретар на Европската служба за надворешни работи Стефано Санино денеска ќе копретседаваат со вториот дијалог меѓу САД и ЕУ за Кина и консултациите на високо ниво за Индо-Пацификот в петок, соопшти Стејт департментот.
Европската комисија денеска ја објави новата европска инвестициска стратегија „Глобал Гетвеј“, која ќе финансира проекти ширум светот во областа на зелената и дигиталната транзиција, енергетската и транспортната инфраструктура, како и зајакнувањето на областите на здравството, образованието и истражувањето.