Авионот се урна доцна синоќа а армијата потврди дека се пронајдени телата на жртвите.

Загинаа двајца членови на екипажот и Херардо Мерино, син на министерот за одбрана Френсис Рене Мерино Монро. Вооружените сили не објаснија зошто Мерино се наоѓал во тој авион кој, како што наведоа, „бил на мисија во крајбрежната област“ кога се урнал.

Несреќата се случила на околу три наутички милји од брегот.