-Со денешната одлука ја заокружуваме регулаторната и законската рамка и го отвораме патот за почеток на работите. Во првите денови од јануари симболично ќе биде поставен првиот камен на базата во Кучово, која ќе биде прва воздухопловна база на НАТО за овој регион. Добра вест за целиот регион, националната безбедност и безбедноста на Западен Балкан, рече Пелеши.
Според него ова е добра вест за жителите кои се погодени од оваа одлука а тоа е дека без никакво одлагање ќе бидат обештетени по целосна пазарна вредност.
-За жителите од околината тоа е двојно позитивна вест бидејќи се работи за инвестиција од над 50 милиони евра, што значи економски развој и многу вработување за целата област, додаде Пелеши.
Базата во Кучово, во 50-тите години на минатиот век, била дизајнирана од инженери од тогашниот Советски сојуз, кои поставиле динамит под пистата за да ја разнесат во случај таа да падне во непријателски раце. Албанските мигови – претежно од кинеско и од руско производство, не летаат од 2005 година, поради што базата сега ја нарекуваат „гробишта на авиони“.