Мицкоски во своето обраќање на денешниот 17-ти Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека доста се замижува пред секојдневните врски, митаџиства и протекции за добивање на услуги кои секако му следуваат на обичниот човек.
-Што мислите како 135 пати поминувал автобусот на Беса Транс низ царината без потребните документи и дали ако некој од вас се обиде да ја мине границата без документи, како ќе заврши? Е тоа на овие од компанијата милениче на власта им успеало над стотина пати. И таа иритирачка вина кај одредени структури, која се наградува наместо да се казнува, доведува до тоа животите на луѓето да се губат и тие да имаат ниска цена. Најскапото се губи многу евтино, вели тој.