– Несреќата се случи во саботата вечерта кога еден од таксистите го водел своето семејство во ресторан, изјави заменик-извршниот директор Јан Рикордел.

Според француските медиуми, возилото се судрило со велосипедист и тројца пешаци, а потоа удрило во комбе. Во несреќата загина едно лице, додека лице блиско до истрагата нагласи дека се повредени дваесет лица, од кои тројца се во критична состојба.

Такси компанијата извести дека ќе ја прекине употребата на 37 автомобили „Тесла модел 3“ од возниот парк до крајот на полициската истрага.

„Тесла“ во понеделникот соопшти дека првичната истрага отфрлила технички дефект на возилото, додека возачот тврди дека се обидел да закочи, но возилото забрзало.

Градоначалникот на 13-та област во Париз, Жером Куме на Твитер објави дека првите елементи од истрагата укажуваат дека возилото имало технички проблеми.

Г7 е една од најголемите париски такси компании што поврзува 9.000 независни возачи. Половина од возниот парк на компанијата се состои од електрични или хибридни возила, а целта е сто проценти до 2027 година.