-Работиме интензивно на подобрување на условите за живот во секој дел од општината. Со задоволство сакам да информирам дека преку програмата за поддршка на имплементација на декадата и стратегијата за Ромите, преку Министерството за транспорт и врски обезбедени се два милиони денари за реконструкција на пристапниот пат во населба Единство, од поранешен ловечки дом до Радевска мала и дел од пристапната улица Пиринска. Ова е уште еден значаен проект за секојдневно функционирање на граѓаните од овој дел на Крива Паланка, изјави Митовски.
Посочи дека паралелно, општината и Советот ги усвоиле програмите од различни области и дејности за претстојната 2022 година со кои ќе се реализираат различни проекти за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните