Во Куманово, од оваа програма се финансира основен проект за фекален колектор за селата Сопот, Табановце и Четирце.

Куманово влезе во втората група на договори за реализација на 36 инфраструктурни проекти во 34 општини, за исполнување на реалните потреби на граѓаните. Жителите на овие три села ќе добијат решавање на горлив инфраструктурен проблем со кој се соочуваат изминативе децении.

Кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски информираше дека е станува збор за аплициран проект од 2016 година.

– Средствата коишто ги добивме како општина од ТАВ ќе се реализираат во следниот период. Се работи за сериозен опфат на релација Куманово-село Четирце, село Табановце, село Сопот. Колку точно километри на оваа инфраструктура, ќе бидат реализирани, сепак зависи од договорот којшто е склучен помеѓу ТАВ и фирмата изведувач, бидејќи општината е само корисник, апликант и корисник на овој проект, изјави Димитриевски.

Тој се надева на успешно завршен проект за половина година, иако според договорот временската рамка за завршување е една година.

Договорите за реализација на инфраструктурните проекти, надлежните од Владата и од ТАВ им ги ги поделија на 34-тите општини, во јули, годинава.